(Фото) Највпечатливите џемпери на принцезата Дајана повторно во продажба

(Фото) Највпечатливите џемпери на принцезата Дајана повторно во продажба

пред 4 години

Њујоршкиот бренд Rowing Blazers во својата најнова колекција ги вклучи двата највпечатливи џемпери што ги носеше принцезата Дајана – црвениот џемпер со десетици бели овци и една црна и розово-белиот џемпер со натпис „Јас сум луксуз“. За џемперите веќе има долга листа на чекање, а достапни се во машка и женска верзија по цена од околу 300 евра.

Џемперот наречен „црна овца“ Лејди Ди го добила на подарок од мајката од еден од келнерите на нејзината венчавка. Поради пораката која ја носи, многу ѝ се допаднал. Овој џемпер го дизајнирале Џоана Озборн и Сели Мур, дизајнерки на модната куќа Warm & Wonderful. Џемперот првпат е изработен 1979 година, а бил повлечен од продажба во 1994 година.

Од брендот Rowing Blazers велат дека целта била да се задржи истиот материјал и плетка на џемперите и тие да бидат направени целосно од волна.