Рекордни дневни бројки на новозаразени во Чешка и Украина, Азербејџан ги затвора средните училишта

пред 4 години

Чeшка и Украина уште еднаш забележаа рекордни бројки на инфекции со коронавирус, Азербејџан ги затвора средните училишта, а Шри Ланка почнува да ги казнува граѓаните кои не носат маски и не го почитуваат физичкото растојание.

Чешка објави за нови 9.721 случај за 24 часа, што е рекорден број втор ден по ред. Земјата со 10,7 милиони жители бележи најголем пораст на инфекции во Европа.

Од почетокот на пандемијата во март, вкупно заразени се 149.010 лица.

Украина потврди рекордни 5.992 случаи во последните 24 часа. Претходниот рекорд со 5.804 нозаразени беше регистриран пред една недела.

Вкупно од почетокот на епидемијата во земјата се заразиле 287.231 лице. Уште 92 лица починаа, со што вкупната бројка се зголеми на 5.394. Украина бележи повеќе од 5.000 случаи скоро секој ден од почетокот на октомври. Владата ги продолжи карантинските мерки до крајот на годината.

Азербејџанските власти најавија дека ќе ги затворат средните училишта и метрото во главниот град Баку од 19. октомври до 2. ноември за да се спречи ширењето на вирусот.

Шри Ланка воведува затвор и парични казни за оние кои не ги почитуваат здравствените мерки, соопштија денеска властите. Оние што не носат маски на јавни места и одржуваат физичко растојание може да минат до шест месеци во затвор и да платат парична казна.

Share
Scroll to Top