Цела естрада во Битола, со камерен оркестар и пејачи од регионот на Блкан Гала Фестивал

Цела естрада во Битола, со камерен оркестар и пејачи од регионот на Блкан Гала Фестивал

пред 4 години

Тридневен фестивал со три гала концертни вечери со различни музички стилови и многу гости артисти од целиот Балкан се најавени на на 7. 9 и 11 јули на Ракометно игралиште Битола

Станува збор за Балкан Гала Фестивал  кој е најавен како уникатен тридневен фестивал единствен на овие простори.

Три различни Гала концертни вечери со многу гости артисти од целиот Балкан, придружувани од Камерниот Оркестар на Битола составен од над 30 музичари.

Добро познатите и најпопуларни проекти на Камерниот Оркестар на Битола во комбинација со најдобрите изведувачи од целиот Балкан. Програмата за трите вечери е нова и досега неизведувана. Аранжманите ги изработија Владимир Димовски и Иван Еминовиќ.

На 7 јули-Рок симфонијата  со  Аки Рахимовски и  Дадо Топиќ. Настап ќе имаат и Дани Димитровска, Михајло Трјковски – Сак, Бранислав Николов(Фолтин), Жарко Јакимоски, Наташа Миха, Сашо Паркет, Ирена Димовска иЕлена Стојчевска и сите заедно придружувани од Камерниот Оркестар на Битола.

На 9 јули -Поп симфонија со познатите Хари Мата Хари  и Сергеј Ќетовиќ . Вечер исполнета со најпопуларните хитови на овие изведувачи во комбинацја со Елена Ристеска, Ѓоко Танески, Дарио, Димитар Андоновски и Мијата и сите придружувани од Камерниот Оркестар на Битола.

 

На 11 јули -Електро Симфонија. Специјален гостин на последната вечер од фестивалот е прогласениот за најдобар диџеј Terry Francis (Велика Британија).Диџеј Saso Recyd I Sonja Ismail. За загревање на вечерта Маги Џанаварова (Бугарија),  Love Itoya (Грција) како и Наде Талевска,  Виктор Апостоловски, Дина Јовановска, Рената Кралевска, Мартина, Сара Гигова, Огнен Димовски и Стефанија Милевска, и стите придружувани од Камерниот Оркестар на Битола.

Камерниот Оркестар на Битола постои неколку децении. Во последните 8 години популарноста на проектите значително се зголемува и популаризира во рамките на нашата земја но и надвор низ целиот Балкан. Со преку 80 различни концерти во сопствена продукција и соработки со многу домашни и странски артисти, музичари, солисти и диригенти,покрај класичната музика, kамерниот oркестар на Битола опфаќа повеќе музички стилови во кои што е активен. Настапите на најголемите фестивали на Балканот во скоро сите околни земји го прават популарен и добро познат и надвор од рамките на нашата земја, особено со популарните проекти како Рок Симфонија, Електро Симфонија и Џејмс Бонд Симфонија.