Демократскиот сојуз: Парламентот да усвои резолуција за стратешките државни и национални интереси за преговорите со ЕУ

пред 3 години

Демократскиот сојуз смета дека Собранието треба да расправа и да усвои Резолуција за стратешките државни и национални интереси поврзани со евроинтеграциските процеси, се со цел да се упати јасна порака и до Европската Унија, но и до соседните држави дека никој нема право да го оспорува нашиот македонски национален идентитет, неговиот историски континуитет, како и јазикот, кој е едно од клучните обележја на секој народ, стои во писменото соопштение од оваа партија.

Демократскиот сојуз инсистира на консензус при носење на Резолуција или Декларација на Собранието.

„За овие прашања потребен е и граѓански и политички консензус, а не тие да бидат причина за внатрешни поделби и собирање на дневно-политички поени“, велат од оваа партија.

„Очекуваме расправа во Парламентот и подобрување на текстот на предложената Резолуција, за таа да биде основа за сплотување, помирување и надминување на внатрешните поделби и конфликти“, потенцираат од Демократскиот сојуз.

Share
Scroll to Top