googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });
Глумецот Шаја Лабаф ги отфрли сите обвиненија што против него ги поднесе пејачката ФКА Твигс за напад, сексуална и психичка злоупотреба и насилни односи, рече неговиот адвокат Шон Холи. Лебаф минатата недела до судот доставил одговор во кој вели дека не е виновен за ништо од она за што го обвинува поранешната девојка.
Пејачката Талија Барнет, позната како ФКА Твигс, пред неколку месеци го обвини глумецот дека ја малтретирал физички и психички во период од 2018 и 2019 година, кога биле во врска. Според неа, тој наводно ѝ се заканил дека намерно ќе направи судир со возилото за да ја повреди.
Глумецот веќе еден месец е под судска надзор и оди на за справување со нетрпеливоста.