22-годишник го купи фудбалскиот клуб Сандерленд

22-годишник го купи фудбалскиот клуб Сандерленд

пред 3 години

Англискиот фудбалски клуб Сандерленд наскоро и официјално ќе добие нов сопственик. 22-годишниот Кирил Луис-Дрејфус ќе стане нов газда на третолигашкиот клуб, а веста официјално ја објавија и од клубот, но се чека одобрение од Англискиот фудбалски сојуз.

Станува збор за синот на најбогатата жена во Русија, Маргарита Луис-Дрејфус, која според „Форбс“, тежи повеќе од 5,6 милијарди долари. Неговиот татко Роберт беше газда на францускиот тим Олимпик Марсеј, а работеше и како извршен директор на компанијата „Адидас“.

Тој беше човекот којшто го направи Марсеј еден од појаките клубови во Европа. Станува зор за бизнисмен кој почина во 2009 година, на 63-годишна возраст, а дел од неговото налседство Кирил одлучи да го инвестира во Сандерленд.

Според проценките на експертите, фондацијата на Кирил во моментов вреди околу 5,6 милијарди долари.

Како што пренесуваат медиумите, моментот да се купи клубот бил идеален за Кирил, затоа што тој се наоѓа во третата лига League One и се држи на доброто седмо место (од 3. до 6. место се игра плеј-оф за влез во Чемпионшип).

Неговата идеја и желба се да го врати клубот во Чемпиошип, а потоа и во Премир лигата.

Би-би-си пренесува дека досегашниот сопственик на Сандерленд, Стујарт Доналд, бизнисмен кој работел и како извршен директор во осигурителната куќа Bridle Insurance, добил дозвола за префрлање на сопственичкиот удел на име на Кирил и дека сите предуслови се решени.

Кирил веќе фановите често го гледаат во ложата на домашните натпревари уште во оваа сезона. Тој веќе стана најмладиот сопственик на еден клуб во Европа. Оние кои го познаваат велат дека е уште поамбициозен од неговиот татко, кој од Марсеј направи еден од најсилните клубови.

 

Share
Scroll to Top