(Видео) Објавен трејлерот за романтичната комедија на Рис Витерспун и Ештон Кучер

(Видео) Објавен трејлерот за романтичната комедија на Рис Витерспун и Ештон Кучер

пред 2 години





Нетфликс го објави трејлерот за романтичната комедија „Кај тебе били кај мене“, во која главните улоги ги имаат Ештон Кучер и Рис Витерспун. Во филмот тие глумат блиски пријатели, кои одлучуваат да си ги заменат своите различни животи.

Деби (Витерспун) е посветена самохрана мајка која живее во Лос Анџелес, а Питер (Кучер) трага по промена од неговиот ергенски живот во Њујорк. Тој ветува дека ќе се грижи за синот на Деби и за нејзиниот дом, додека таа ужива во неговиот стан и авантурите кои ќе ѝ ги понуди Њујорк. Тоа им помага да сфатат што сакаат во животот.

Новата романтична комедија со едни од омилените холивудски глумци ќе има премиера на 10 февруари.





Share
Scroll to Top