На Џереми Ренер состојбата му се влошила, тврдат негови блиски пријатели

На Џереми Ренер состојбата му се влошила, тврдат негови блиски пријатели

пред 1 година





Здравствената состојбата на Џереми Ренер е сè полоша, откриваат негови блиски пријатели. Глумецот доживеа несреќа на 1 јануари кога чистач на снег помина преку него пред неговата куќа во Невада. Одма беше однесен во болница, каде му беше дадена здравствена нега.

„Многу му е полошо од претходно. Свесен е дека можел и да умре. Десната страна од градите му е смачкана, а горниот дел од торзото колабирал. Има и тешка рана на главата од каде крвари, како и повреда на ногата“, рече негов близок извор за „Радар онлајн“.

Додаде и дека Џереми е свесен за неговата состојба и дека би можеле да поминат и неколку години пред да се врати во нормала.

„Имаше силни болки и тешко дишеше. Знаеше дека е во лоша состојба и дека може нема да се извлече. Градниот кош му е смачкан и мораше да го оперираат. Досега направи две операции и веројатно потребна ќе е уште една во наредните недели поради повредата на ногата“, додаде изворот.





Share
Scroll to Top