Украинскиот гувернер: Русите масовно го ограбуваат Северодонецк, одземаат дури и мебел

пред 3 години

Состојбата во окупираниот Северодонецк во источниот украински регион Луганск е на работ на хуманитарна катастрофа, а Русите масовно го ограбуваат освоениот град, изјави украинскиот гувернер на Луганск, Серхи Хајдај.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Утрово тој на својот канал Телеграм објави дека 80 отсто од станбените згради и куќи во Северодонецк се уништени или оштетени.

„Дел од луѓето се обидуваат да се вратат за да си ги земат работите, но сè почесто наоѓаат сосема празни станови. Откако влегле во градот, Русите прво депортирале дел од локалното население, им ги земале клучевите, а потоа започнале ограбуваат сè. Со камиони возат до облакодерите и земаат сè. Ако мебелот е добар, го земаат и тоа. Веќе не застануваат само на апарати за домаќинство“, напиша Хајдај.

„Градот е на работ на хуманитарна катастрофа. Нема поцентрализирано снабдување со вода, гас и струја“, додаде гувернерот на Луганск.