Почина „малчанскиот бербер“

пред 2 години

Нинослав Јовановиќ, познат како „малчанскиот бербер“ кој беше осуден на доживотен затвор за киднапирање и силување на 12-годишно девојче од Ниш, починал вчера во Општата болница на Казнено поправниот дом во Пожаревац.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Јовановиќ, кој во медиумите беше означен како „малчанскиот бербер“, наводно „го издало срцето“.

На 20. декември 2020 година, Јовановиќ киднапираше девојче во Ниш на пат кон училиште, со измама претставувајќи се како нов школски мајстор кому требаше да му го покаже патот до училиштето. Заедно со неа поминал девет дена во селата околу Ниш, а потоа ја оставил во напуштена викендичка во селото Пасјача, каде што била пронајдена.

Тој беше уапсен во јануари минатата година, по 17-дневна полициска и воена потера.

Претходно веќе бил осуден за силување жена и девојка, киднапирање и силување девојка и испраќање нејасни пораки до жени на својот Фејсбук профил (2018), за што помина 22 години во затвор.

Share
Scroll to Top