Светот згрозен од обидот за убиство врз Абе, пристигнуваат реакции од светските лидери

пред 2 години

Светските политичари реагираа на веста дека е застрелан поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе. Абе беше застрелан во грбот и градите за време на предизборниот говор во градот Нара во близина на Осака.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој е во болница, а според првите информации од Јапонија, Абе по нападот не давал знаци на живот. Светските лидери исто така го коментираа настанот.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека е ужаснат и тажен од нападот врз Абе.

„Моите мисли се со неговото семејство и најблиските“, напиша Џонсон на „Твитер“.

Индискиот премиер Нарендра Моди твитна дека е потресен од нападот врз неговиот драг пријател Абе. Нашите мисли и молитви се со него, неговото семејство и народот на Јапонија“, објави индискиот премиер на Твитер.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се огласи за Абе на својата социјална мрежа Truth Social. Тој рече дека нападот врз поранешниот јапонски премиер е апсолутно катастрофална вест.

„Шинзо беше мој вистински пријател, а уште поважно, тој беше пријател на Америка. Ова е страшен удар за прекрасниот народ на Јапонија кој толку многу го сакаше и му се восхитуваше. Сите ние се молиме за Шинзо и неговото семејство“, напиша Трамп.

„Длабоко сум тажен и загрижен поради веста што излезе од Јапонија за обидот за атентат врз поранешниот премиер. Нашите мисли и молитви се со неговото семејство и народот на Јапонија. Ова е многу тажен момент“, изјави американскиот државен секретар, Ентони Блинкен на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 на Бали.

Австралискиот премиер Ентони Албанес на Твитер напиша дека е шокиран од веста од Јапонија. „Нашите мисли сега се со неговото семејство и Јапонците“, напиша тој на Твитер.

За Абе проговори и поранешниот австралиски премиер Скот Морисон. Тој и Абе беа на должност во исто време. Морисон рече дека Абе бил голем пријател на Австралија.

„Тој е еден од најважните светски лидери во повоената ера. Во ова тешко време, нашите молитви се со него, неговата сопруга Акие и народот на Јапонија“, напиша Морисон.

Тајванскиот претседател Цаи Инг-вен го осуди нападот врз Абе на Фејсбук. Мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард на Твитер напиша дека длабоко жали за нападот и изрази надеж дека Абе ќе закрепне.

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн изјави дека е длабоко шокирана кога слушнала за нападот врз поранешниот јапонски лидер.

„Тој беше еден од првите лидери што ги запознав кога станав премиер. Беше длабоко посветен на својата улога, но исто така дарежлив и љубезен. Моите мисли се со неговата сопруга и народот на Јапонија. Ваквите настани не потресуваат сите нас“, напиша Ардерн на Твитер.

Share
Scroll to Top