Авион се урна во морето во Грција, се трага по двајца патници

Авион се урна во морето во Грција, се трага по двајца патници

пред 6 месеци

Мал авион се урна во морето кај Крит. Две лица се водат за исчезнати.

Авионот тргнал од Копаида за Ханија, за да учествува на демонстрациите организирани од Аероклубот од Ханија за време на викендот.

Истрагата ја презеде Единствениот координативен центар за пребарување и спасување, а во потрагата по исчезнатите се вклучени еден брод на крајбрежната стража, едно возило на крајбрежната стража, хеликоптер на морнарицата, два брода за крстарење и два рибарски брода.

Според информациите, властите се обидуваат да ги лоцираат двете лица кои се наоѓаат во леталото.

Дува силен ветер што ја отежнува потрагата, пишува грчкиот весник „Прототема“

Текстот Авион се урна во морето во Грција, се трага по двајца патници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top