Нов рекорд на бројот на новозаразени во Шведска

пред 4 години

Шведска, чијашто либерална стратегија за пандемијата привлече глобално внимание, регистрираше 1.980 нови случаи на коронавирус на 27 октомври, најголем број од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на шведската агенција за јавно здравје.

Претходниот најголем број на новозаразени во еден ден се случи на 23 октомври, кога имаше 1.870 позитивни случаи.

Јавната здравствена служба соопшти дека највисокиот дневен број на новозаразени во текот на пролетта, веројатно, бил многу поголем, но тоа не е забележано поради недоволно тестирање во тоа време.

Шведска исто така регистрираше 9 нови смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 5.927.

Шведска има неколку пати поголема стапка на смртност по глава на жител од нејзините нордиски соседи, но пониска од некои поголеми европски земји како Шпанија и Велика Британија.

Share
Scroll to Top