(Фото) Британската кралица Елизабета користи двојник

(Фото) Британската кралица Елизабета користи двојник

пред 4 години

Многумина теоретичари на заговор тврдат дека британската кралица Елизабета Втора прави исто како и голем број славни личности кои не успеваат да пристгинат на големи настани, па затоа праќаат свои двојници, лица што физички многу личат на нив.

Ваквите теории се појавија во јавноста откако на социјалните мрежи многумина коментираат и прашуваат како 94-годишната кралица во изминатиот период успеала да стигне да ги одработи сите кралски примања и настани, кои биле во огромен број и од каде ја црпи енергијата.

Само минатата година кралицата имала 295 настани, а за некои луѓе што се во поодминати години тоа е многу густ и исцрпувачки распоред, пишува express.co.uk. Во светот познато е дека некои од славните личности за настаните на кои не успеваат да стигнат испраќаат двојници.

Станува збор за личности што физички многу личат на оригиналните лица, а популарно се познати како клонови. Тоа го прави и кралицата Елизабета, но на малку поинаков начин. Не постои личност која повремено ја менува кралицата и се преправа дека е вистинската Елизабета.

Но, постои жена, која до некаде е слична по физичкиот изглед, најмногу по стасот и која ја менува на пробите за кралските настани. Кралицата не успева да стигне секаде, па за нејзините генерални проби задолжена е 62-годишната Ела Слак.

Ела има фигура и по изгледот многу личи на кралицата Елизабета.

„Ја заменував кралицата повеќе од педесет пати. Не изгледам идентично како неа, но висината и фризурата ни се исти, а и држењето ни е слично“, изјавила Ела за Би-би-си.

Главната задача на Ела била да помогне во огранизирањето на настаните. Таа им помагала на менаџерите да одредат како кралицата најдобро ќе се вклопи во нивната програма. За таа работа случајно ја ангажирале Ела додека таа била во посета на Би-би-си.

Тие ја снимале кралицата, но сонцето ѝ удирало во очи. Ела се понудила да ја замени за да може да го снимат кадарот. Така почнал нејзиниот ангажман во кралското семејство. Денес, Ела може да се пофали дека се возела и во кралската кочија.

Таа присуствувала на генералните проби на отворањето на Парламентот. Сепак, Ела вели дека секогаш мора да се држи до строгиот кралски протокол.

„Не ми е дозволено да седам на кралскиот престол. Можам само да стојам пред него. Тоа е строго правило“, изјавила Ела.

 

Share
Scroll to Top