Поранешниот премиер на Малезија, Махатир Мохамед, предизвика бес во јавноста, откако јавно ги повика муслиманите да убијат милиони Французи, по вчерашниот терористички напад во Ница.
Само неколку минути по нападот, тој на „Твитер“ удри силно и по францускиот претседател Емануел Макрон.
Многумина го обвинија Махатира, кој се до февруари беше најстар светски лидер, до моментот додека не поднесе оставка, дека ги поттикнувал своите фанови кои ги имал на социјалните мрежи на масовно убивање. Махатира има повеќе од 1.3 милиони фанови на социјалните мрежи.
„Макрон не покажува дека е цивилизиран. Многу е примитивен во обвинувањата на исламската религија и муслиманите за убиството на школскиот професор. Тоа не е во рамки на учењето на исламот. Бесните луѓе убиваат без разлика на вероисповедта. Французите во текот на својата историја убија милиони луѓе. Многу од нив биле муслимани“, напишал поранешниот премиер.
„Бидејќи за она што што го направи една бесна личност, ги обвинивте сите муслимани и муслиманската религија, муслиманите имаат право да ги казнат Французите. Бојкотот не може да ги надомести сите неправди“, напишал тој.
Три напади со нож врз Французи се случија утрово на три локации за помалку од два часа, при што три лица загинаа, а неколку се ранети. Официјалните лица треба да потврдат дали нападите се поврзани, но се верува дека убиствата во Ница имале терористичка мотивација.