(Видео) Макрон: Се залагам за слобода на изразување и не прифаќам оправдување на насилство

пред 4 години

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ги разбира чувствата на муслиманите кон навредливите карикатури од пророкот Мухамед, но нагласи дека неговата влада не стои зад тие карикатури и дека не прифаќа оправдување на насилството.

„Можам да го разберам шкот поради карикатурата на Мухамед, но нема никогаш да прифатам да се оправдува насилство. Наша должност е да ги заштитиме слободата и правата“ рекол Макрон во интервју за Ал Џезира.

Тој појаснил дека во Франција постои слобода на изразување која овозможува објава на такви карикатури.

„ Карикатурите не се државен проект, тие се производ на слободни и независни медиуми кои не се поврзани со владата“ рекол Макрон.

„ Реакциите во муслиманскиот свет се последица на еден куп лаги и фактот дека луѓето веруваа дека јас самиот ги одобрував овие карикатури (…) Јас се залагам за слобода на пишување, размислување и цртање во мојата земја затоа што сметам дека е важно, дека е исправно, дека се тоа наши слободи “, рече францускиот претседател.

„Тоа не значи дека јас лично поддржувам сè што е кажано и нацртано“, нагласи тој.

Нагласувајќи дека сака „смирување“ на ситуацијата, тој повтори дека не сака „да се откаже бидејќи тоа би било неуставно и страшна загуба на суверенитетот“, нагласувајќи дека во Франција нема стигматизација на муслиманите. Францускиот претседател тврди дека најголемите жртви на радикалниот ислам биле самите муслимани.

Share
Scroll to Top