237 пациенти со Ковид-19 во моментов се сместени во привремената болница во белградската арена, а околу 200 пациенти се подложени на терапија со кислород, изјави еден од координаторите на таа привремена болница, Владо Батножиќ.
Тој рече дека 33 пациенти биле примени во понеделникот, дека Арената брзо се полни и дека пациентите се претежно со тешка клиничка слика. Најмладиот пациент има 20 години, а најстариот има 88 години.