Според последните податоци кои ги пренесуваат светските агенции, на претседателските избори во САД кои се одржуваат денеска, досега гласале сто милиони граѓани.
Иако гласачките места беа официјално отворени денеска, голем број луѓе веќе гласаа по пошта или предвремено излегување на гласање, во оние држави каде што тоа беше дозволено.
VIDEO: ?? US voters queue as polls open in the battleground state of #Pennsylvania. Americans are casting their ballots in the presidential election between incumbent Donald Trump and his Democratic challenger Joe Biden.#ElectionDay pic.twitter.com/Sn3GmlyROP
— AFP news agency (@AFP) November 3, 2020
Според последните анкети, кандидатот на демократите на претседателските избори, Џо Бајден, на денот на изборите води во четирите најважни т.н. „колебливи“ држави.
„Њујорк Тајмс“ пишува дека Бајден, поранешен потпретседател, е пред Трамп на „бојните полиња“ во Висконсин и Пенсилванија, како и на Флорида и во Аризона, според анкетата која весникот ја спровел во соработка со Сиена колеџот. Неговото водство е најизразено во Висконсин, каде тој има апсолутно мнозинство гласови и води со 52 спреме 41 процент.
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари Клинтон објавија дека излегле на гласање.
Hillary and I just proudly cast our ballots for Joe Biden and Kamala Harris. They will work tirelessly to heal our divisions and build a better future for all of us. If you haven’t done so already, vote today! pic.twitter.com/49fSwmlbst
— Bill Clinton (@BillClinton) November 3, 2020
Хилари беше кандидатка на Демократската партија на претходните избори во 2016 кога загуби од Доналд Трамп.