Во рамките на заедничкото претседателство на Република Северна Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес, во Софија ќе биде одржан состанок на министрите за економија.
Конференцијата ќе ја отворат во рамките на заедничкото преседавање министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши, и министерот за економија на Бугарија, Лачезар Борисов. По официјалното отворање на состанокот во рамките на официјалната сесија, свое обраќање ќе имаат комесарот за соседство и проширување на Европската Унија, Оливер Вархељи, како и заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Во рамките на двете пленарни сесии, кои се однесуваат на зелената агенда на Западен Балкан и заеднички регионален пазар, покрај министери од земјите од Западен Балкан, ќе учествуваат и претставници од Европската Унија, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА, Секретаријатот на енергетската заедница, Секретаријат за транспортна заедница на ЈИЕ и претставници на други меѓународни организации и институции. Поради состојбата со Ковид-19, состанокот ќе се одржи преку видеоконференциска врска.