Во последните 24 часа, бројот на пациенти со коронавирус во Германија е зголемен за 21.506, соопшти Институтот за инфективни болести Роберт Кох. Во последните 24 часа 166 лица починаа како резултат на вирусот, пренесува Ројтерс.
Од почетокот на пандемијата во Германија, 619.089 лица биле заразени со вирусот, а 11.096 лица починале.
Во Германија, потврдени 21.506 нови случаи на Ковид-19
пред 4 години