Харис Џиновиќ веќе месеца одбива повици за настап поради страв од короната.
Тој е со семејството, а неговата сопруга Мелина открива што се случува и зошто Џиновиќ престанал да пее.
„Искрено да кажам, кај нас ништо не се случува. Хари не работи, нема повеќе да пее. Страшно е уплашен од коронавирусот и за да не се зарази, не излегува од дома, не мрда никаде. Сега сме фокусирани на изградбата на новата куќа. Тука има илјада детали и ситници, сега имаме доволно време сè да средиме по наша желба. Толку многу нè прозиваат за таа куќа и постојано ја сликаат, но ќе ја завршиме кога ние ќе сакаме“, рекла Мелина .
За нејзината работа врзана за линијата ексклузивни фустани вели: „Моите фустани се продаваат во 64 бутици во светот, но сега е хаос секаде. Нема свечености, раскошни веселби, гала-вечери. Сè застана. Не кукам, знам дека модата ќе се врати во живот, но којзнае кога. Требаше да се одржи Недела на мода онлајн, но тоа не успеа“.