Еспаргаро на пол-позицијата во Валенсија

Еспаргаро на пол-позицијата во Валенсија

пред 4 години

Возачот на КТМ Рејсинг, Пол Еспаргаро, ќе стартува од пол-позицијата на 12 трка во сезоната, Големата награда на Европа, која ќе се вози утре во Валенсија.

Шпанецот на патеката „Рикардо Тормо“, ја освои втората пол-позиција оваа сезона. По влажната патека, во финишот на квалификациите, Еспаргаро забележа време 1:40.434 минути.

Помладиот од браќата Еспаргаро беше побрз за 41 илјадити делови од секундата, од сонардникот Алекс Ринс кој вози за Сузуки. Првиот стартен ред го комплетираше возачот на ЛЦР Хонда, Такаки Накагами.

Четвртата позиција му припадна на Жоан Зарко од Авинтија, петти е лидерот во генералниот пласман Жоан Мир (Сузуки), а шести возачот на Прамак Дукати, Џек Милер.

Главните конкуренти на Мир, во борбата за титулата, Фабио Квартараро и Маверик Вињалес, возе лошо во квалификациите. Квартараро ќе стартува од 11, а Вињалес од 15 место.

Мир во генералниот пласман има 14 поени повеќе од Квартараро и 19 од Вињалес.

Share
Scroll to Top