Антиќ отворено за новата љубов и за разводот

Антиќ отворено за новата љубов и за разводот

пред 4 години

Од разводот до новата љубов, од тоа како му се јавија да му кажат дека ќе игра во НБА и зошто го уапсија во Њујорк, кој му се закануваше во Атина, за Коби и Леброн, за исчкраниот „мустанг“ и за тетоважите… Перо Антиќ открива во интервју за „Репортер“.

Татко е на три деца. Зад себе го има бракот со Ружица за кој првпат прозборе во јавноста: Подобро добар развод од лош брак. Не беше лесно да им објасниме на децата. Но, тие се најважни и тоа не може ништо да го смени“, вели Перо, кој има стан во близина на поранешната жена за да може постојано да биде со децата. Во интервјуто прозборе првпат и за новата љубов. „Навистина сум среќен“, открива Антиќ.

Со него муабетот не може да е досаден. Зборувавме за сè и сешто – од времињата во НБА кога играше за „Аталанта“, па вели: Таму сè е опуштено, нема ни тренинзи, пред натпревар се излегува  во град. Замисли, кога играв во „Црвена звезда“, на Жељко Обрадовиќ да му кажам дека ќе излезам во град вечерта. Ама и сега ми е тешко во студио гласно да го изговорам ова“, низ насмевка раскажува Антиќ, актуелен претседател на КФМ.

Од секаде има по некоја приказна. Од оваа сега кога е во лоши односи со раководството на МЗТ до она кога за малку им избега третото место. „Дишевме како едно тогаш, секогаш сакам да зборувам за овој период“, вели Антиќ, кој ни откри што сè се случувало кога Македонија влезе во полуфиналето.

Share
Scroll to Top