Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе ги минуваат границите без ПЦР тестови, a доколку граѓанин поради Ковид-19 се најде во болница во овие земји, државата ќе го преземе трошокот за лекување. Ова се предидува со Меморандумот за соработка во услови на Ковид-19 што денеска го потпишаа премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Србија Ана Брнабиќ и на Албанија, Еди Рама во присуство на министрите за здравство.
Заев истакна дека со ова се поставува патот за уште посилна соработка помеѓу земјите.
„Со денешниот меморандум го поставивме патот за уште подобра соработка на нашите соседни земји, сакаме да го ослениме животот на граѓаните и да поставиме основи за економско закрепнување. Почнувајќи веднаш работиме на координација во обезбедување на ваквина за Ковид-19“, истакна Заев.
Нагласи дека граѓаните ќе се движат помеѓу трите земји без потреба од ПЦР – тестови односно ќе се ослободат од административен и финансиски товар.
Албанија и Србија во рамките на истиот настан потпишаа и и билатерален договор за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.