Додека шетал низ шума бил погоден од куршум

пред 4 години

Х.В.(63) од с.Десово, Ропотово, пријавил дека на место викано Борој, помеѓу селата Дреновци и Десово, додека се движел во шумата, бил погоден од куршум, по што отишол во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, каде што му била констатирана повреда. За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, соопшти полицијата.

Share
Scroll to Top