Австралиската пејачка Кајли Миног го објави новиот албум „Доско“, со песни за шизење. Таа изјави дека албумот е инспириран од звуците на „Студио 54“ и нејзините најдраги танцувачки ритмови. Таа веќе промовираше три песни од новиот албум, сингловите Say Something, Magic и I Love It, по што многумина коментираа дека ова ќе биде големо враќање на Кајли на сцената.
„Ви благодарам за поддршката и љубовта кон музиката. Драго ми е што можам да споделам убави вести со вас. Задолжително испратете ми ги вашите реакции за албумот и споделете ги со мене вашите танцувачки чекори“, напиша пејачката на „Твитер“.
Новиот албум, 51-годишна Миног го промовира само две години по издавањето на албумот „Златно“, но овие песни со кантри и поп призвукот не поминаа добро ни кај критичарите ни кај публиката. Кајли лани ја издаде својата златна колекција со најголеми хитови, па се најде на првото место во Британија и Австралија.