(Видео) Демонстранти го претепаа претседателот на ерменскиот парламент

пред 4 години

Претседателот на ерменскиот парламент, Арарат Мирзојан беше претепан од демонстрантите на протестите што избија во Ереван по договорот за прекин на огнот во Нагорно-Карабах.

Покрај зградата на ерменскиот парламент, демонстрантите ја окупираа и зградата на Владата на Еременија и таму уништуваа инвентар, прозорци и врати.

Бројни драматични снимки од местото на настанот кружат на социјалните мрежи и наводно ги прикажуваат моментите кога бил нападнат Мирзојан.

Демонстрантите најпрво се судриле со обезбедувањето на парламентот, па тие притрчале кон автомобилот во кој седел Мирзојан со своето семејство.

Светските медиуми пренесуваат демонстрантите го опколиле автомобилот на претседателот на ерменскиот парламент, па почнале да го удираат.

На една од снимките наводно се гледа како Мирзојан лежи во несвест на земја.

Претседателот на парламентот е пренесен во болница во сериозна состојба. Веста дека тој е повреден ја потврди премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан.

„Некои насилници го претепаа Мирзојан. Тој мораше да биде опериран, но неговиот живот не е загрозен“, рече Пачињан.

Демонстрантите синоќа упаднаа во зградите на институциите во Ереван, вклучувајќи го и парламентот, по потпишувањето на мировниот договор со кој се става крај на последниот конфликт на територијата на Нагорно-Карабах.

Share
Scroll to Top