Финска, 55-рангираната репрезентација на светот, направи вистинска сензација откако на „Стад де Франс“ ги совлада светските шампиони Франција со 0:2, во еден од најизненадувачките интернационални резултати во 2020.
Микел Форс, напаѓачот на англискиот второлигаш Брентфорд во 28. минута ги шокираше „триколорите“ во Париз, за само три минути подоцна Они Валакари, 21-годишниот фудбалер на кипарскиот клуб Пафос да постигне прекрасен гол за 0:2.
Ова е прв пораз за тимот на Дидие Дешам од 2018 година, кога го загубија мечот од Лигата на нации од Холандија со 2:0.