Рамос го израмни рекордот на Буфон, сега го напаѓа светскиот рекорд

Рамос го израмни рекордот на Буфон, сега го напаѓа светскиот рекорд

пред 4 години

Пет минути пред крајот на синоќешниот пријателски натпревар помеѓу Хомандија и Шпанија (1:1), Серхио Рамос уште еднаш го запиша своето име во историските книги. Рамос го запиша 176 настап за „црвената фурија“ и на вечната листа се израмни со уште една фудбалска легенда, Џанлуиџи Буфон.

Серхио Рамос и Буфон сега се Европејци со најмногу настапи за своите национални тимови.

Капитенот на Реал и Шпанија, за националниот тим дебитираше пред 15 години.

До светскиот рекорд од 184 натпревари, на Ахмед Хасан од Египе, го делат уште осум натпревари.

Рамос не е единствениот во светскиот фудбал кој го лови рекордот на Хасан. Репрезентативецот на Оман, Ахмед Мубарак има одиграно 179 натпревари за националниот тим, еден повеќе од Бадер Ал-Мутава од Кувајт.

Share
Scroll to Top