Најмалку 10 лица загинаа синоќа во пожар што зафати болница на северот на Романија каде се сместени пациенти кои се лекуваат од Ковид-19.
Службата за итни случаи на северниот романски регион Неамт објави дека пожарот избувнал на одделот за интензивна нега.
Пожарот зафатил две простории во болницата каде се лекуваат 19 пациенти со Ковид-19.
Засега не е познато што го предвизвикало пожарот.