За да стане Сер Луис Хамилтон, прво мора да се „средат“ даноците

За да стане Сер Луис Хамилтон, прво мора да се „средат“ даноците

пред 4 години

Иако дел од неговите фанови побараа британската влада да го постави на новогодишната листа за добивање на статус витез на Британската империја, седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон прво ќе мора да добие „преглед“ на неговата даночна ситуација, тврдат британските медиуми.

35-годишниот Хамилтон влезе во историјата со седум светски титули и најголем број на победи во Формула 1 и иако никој не ги намалува неговите остварувања, проблем претставува што тој живее во Монако, каде што избегнува да плати данок на Велика Британија. Неговите поддржувачи пак, посочуваат дека тој е на листата на 5.000 индивидуи од Британија кој плаќа најмногу данок, без разлика на престојувалиштето.

Тој веќе во 2008 година, по освојувањето на првата титула во Ф1 со Мекларен, стана Член на Британската Империја (МБЕ), но ОБЕ наградата носи титула Сер и е на повисоко ниво. Хамилтон беше запрашан што мисли за оваа почест.

„Кога ќе помислам на честа да станеш витез, размислувам на луѓето како мојот дедо, кој беше во Втората светска војна. Тука се и лекарите и медицинските лица кои страдаат во овој период. Затоа мислам на тие заборавени херои, а не се гледам себеси како таков. Не сум спасил ничиј живот. Јас сум горд Британец и секогаш ја претставувам земјата, но не сум гладен по награди“, вели Хамилтон.

Share
Scroll to Top