Поранешниот лидер на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, повторно ќе биде примен во партијата од која беше суспендиран поради неговата небрежност кон извештаите што укажуваа на неприфаќање на обвинувањата за антисемитизам, пренесува „Ројтерс“.
Комисијата за еднаквост и човекови права во октомври соопшти дека пронашла докази за неуспех во обука на луѓе кои ги испитуваат обвинувањата за антисемитизам, политичко мешање во процесуирање на жалби и вознемирување на лица.
I am pleased to have been reinstated in the Labour Party and would like to thank party members, trade unionists and all who have offered solidarity.
Our movement must now come together to oppose and defeat this deeply damaging Conservative government.
— Jeremy Corbyn (@jeremycorbyn) November 17, 2020
Претходно истиот ден, Корбин на „Фејсбук“ напиша дека се надева оти ова прашање ќе се реши што е можно побрзо, за партијата да работи заедно за да го искорени антисемитизмот и да се спротивстави на штетната конзервативна влада.
Актуелниот лидер на лабуристите Кир Страмер се обидува да отстапи од ерата на Корбин и да го подобри рејтингот на партијата по четири последователни порази на изборите во 2010 година.