Кирјос: Ниту психолог не ми помогна!

Кирјос: Ниту психолог не ми помогна!

пред 4 години

Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос (25) продолжи да ја изненадува јавноста со своите изјави. Тој посетил психолог, но истакна дека сеансите баш и не му помогнале. Напротив, смета дека по нив само имал уште поголеми недоумици.

„Одев кај психолог, апсолутно без ефект. Навистина, се покажа дека тоа мое патување беше моја голема грешка. Докторот ми зборуваше секакви погрешни работи. Како резултат на тоа, сам се извлеков од незгодната ситуација во која западнав. Психологот само ми втурна непотребни работи во главата. Се каам што одев кај него“ рече Кирјос.

MELBOURNE, AUSTRALIA – JANUARY 19: Nick Kyrgios of Australia smashes his racquet after losing a game in his first round match against Frederico Delbonis of Argentina during day one of the 2015 Australian Open at Melbourne Park on January 19, 2015 in Melbourne, Australia. (Photo by Michael Dodge/Getty Images)

Австралиецот моментно е 45-ти светски тенисер, а во 2020-та година одигра само 9 меча и забележа 6 победи.

Ник Кирјос одлучи да не ја продолжува сезоната поради несигурната ситуација поради пандемијата со коронавирусот.

Share
Scroll to Top