Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека здравствената состојба на патријархот на СПЦ Иринеј е тешка и дека лекарите се борат за неговиот живот.
„ Беше во подобра состојба кога медиумите објавуваа дека починал. Пред 55 минути е интубиран“ рече Вучиќ пред новинарите.
Како што нагласи, Иринеј е во многу тешка состојба.
„ Благодарам на Бога, жив е, се борат лекарите, Горан Стевановиќ е во црвената зона“ изјави Вучиќ.
Тој додаде дека е тешко да се прогнозира било што, освен да се молиме за неговото здравје.