Режисерот Илија Пиперкоски доби две признанија за Извонреден придонес во светот на филмот за неговиот најнов филм „Дедо и внук“ на 4-th Dimension Independent Film Festival и на TIFF -Tagore International Film Festival, во категоријата за најдобри наративни играни филмови. Третата награда за овој филм ја доби кинематограферот Патру Паунеску, за најдобар Директор на фотографија
Филмот ја раскажува приказната за смртта на млад пациент во болница, по која докторот Никола ќе се обиде да создаде ред во својот живот, па оди на посета кај неговиот дедо, кого го видел последен пат пред 10 години. Ова е филм за конфилкт на генерации, со контраст на морални вредности и моменти за втора шанса. Главните улоги ги толкуваат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други.
Наградите за „Дедо и внук“ доаѓаат во време кога официјално започна светската промоција на првиот долгометражен филм на режисерот и сценарист Пиперкоски. Продукцијата на филмот е на Pandora’s Boх од Охрид во соработка со Dream Factory од Скопје и Alien Film од Романија.