Новогодишната елка пред центарот „Рокфелер“ ги разочара Американците

Новогодишната елка пред центарот „Рокфелер“ ги разочара Американците

пред 4 години

Новогодишната елка, што секоја година се поставува пред „Рокфелер центарот“ во Њујорк, овојпат ги разочара Американците. Иако не е накитена, заради ретките и искршени гранки, таа воопшто не потсетува на најгламурозната елка во светот, како што ја опишуваат секоја година.

„Каква година, таква елка, сосема пригодно за 2020“, пишуваат твитерџиите. Некои од нив дури и објавија слики од елката пред да се пресече од однесе во Њујорк, па се шегуваат дека и таа фатила корона и го сменила изгледот.

Елката висока 23 метри веќе е поставена пред „Рокфелер центарот“, а вчера ѝ додаваа вештачки гранки за да делува погуста. Таа ќе биде украсена следната недела, а светлата ќе бидат вклучени со посебна церемонија на почетокот на декември.

Компанијата сопственик на „Рокфелер центарот“ тврди дека се особено горди што традицијата за поставување и украсување на новогодишната елка продолжува и оваа година, и покрај пандемијата што доведе до откажување на многу традиционални новогодишни прослави во Њујорк.

Share
Scroll to Top