По долго боледување, денеска во Загреб почина актерот Мустафа Надаревиќ.
Тој е роден во 1943 година во Бања Лука. Дипломирал на Академијата за драмски уметности во Загреб.
Од 1969 до 2018 година беше член на Драмата на Хрватскиот народен театар во Загреб. Предаваше на загребската и сараевската академија за драмски уметности.
Помладите генерации го паметат како Изет Фазлиновиќ од серијата „Луд, збунет, нормален“.
Сепак, Надаревиќ за време на долгата и богата кариера одигра многу големи тетарски, филмски и тв улоги.
Одигра околу 150 театарски улоги, сними над 60 филмови, драми и тв серии со најголемите режисери на југословенските филмови.