Не помогна ниту Пандев – Џенова поразена кај Удинезе

пред 4 години

Џенова останува на претпоследното место во Серија А и ќе продолжи да ја бара својата втора победа во новата сезона, откако ниту враќањето на македонскиот капитен Горан Пандев не успеа да ги спаси од 1:0 пораз кај Удинезе. Клучниот момент се случи во 34. минута, кога Аргентинецот Родриго де Паул постигна фантастичен гол од далечина. Пандев беше во игра до 56. минута, но не успеа да постигне гол и Џенова останува претпоследна со 5 освоени поени, додека Удинезе сега се на 16. место со 7 поени. Џенова во 94. минута успеа да постигне гол преку Шамака, но ВАР системот утврди дека се работи за офсајд. 

Share
Scroll to Top