Младинскиот фудбалски клуб од Шпанија, Силос ЦФ се извини на своите противници СФ Хукар, откако ги совладаа со 30:0 во неделата во регионален натпревар, велејќи дека тоа не е во духот на ферплејот.
Претседателот на Силос, Хозе Антонио Гутиерез откри дека неговиот тим, составен од момчиња од 14 до 15 години, сакал да го прекине мечот на полувреме, кога било 14:0, но дека тренерот на Хукар сакал да продолжи.
„Прво сакам да се извинам од нашиот клуб до фудбалерите и татковците и мајките од Хукар. Вистина е дека ова можеше да се избегне бидејќи резултатот беше висок и по првото полувреме. Беше 11 на 11, а неколку пати нашиот тренер зборуваше со судијата и со противничкиот тренер да побара стопирање на мечот, но тренерот на Хукар велел дека неговите момци се храбри и дека ќе продолжат. Нашите фудбалери не славеа многу од головите, ниту се гушкаа. Но, од друга страна ако стоеја на теренот ќе се сметаше дека покажуваат непочитување. И ние сме губеле со висок резултат од Леванте, Валенсија или Вилјареал, но тие мечеви не предизвикуваа внимание бидејќи тие се сметани за големи клубови“ , вели Гутиерез.
El DT del equipo Los Silos CF lo estan amenzando y acosando via redes sociales luego de que su equipo, categoria sub-15, goleara al equipo Deportes Júcar por marcador 30-0. El club emitió un comunicado pidiendo disculpas a los jugadores y padres del adversario por el hecho #P0S pic.twitter.com/49aTkz93lU
— PIO DEPORTES (@piodeportes) November 23, 2020