Путин откри зошто не му честитал на Бајден

Путин откри зошто не му честитал на Бајден

пред 4 години

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не му честитал на претпоставениот победеник на американските претседателски избори, Џо Бајден, затоа што треба да се почека додека не бидат решени сите правни прашања.

Путин навел дека забележал формално одложување на честитките, нема да ги влошат односите меѓу Москва и Вашингтон, кои и така веќе се нарушени.

„Не можете да го расипете односот, кој веќе е расипан“, изјавил Путин, коментирајќи дека одложувањето на честитките на Бајден, би можело да ги влоши односите со Вашингтон.

Тој изјавил дека Русија и понатаму ќе негува почитување кон сите, дека го почитува и актуелниот претседател Доналд Трамп и кандидат за оваа функција Џо Бајден.

Според неговите зборови, тоа е чисто формално прашање, затоа што не постои никаква скриена агенда, или било што би било необично или би можело да биде основа за понатамошно влошување на односите.

Путин истакна дека руските власти се подготвени да соработуваат со било кој новоизбран претседател на САД, но дека сега важно е да се сочека, додека не заврши пребројувањето на гласовите и внатрешната политичка борба во Америка.

„Ќе работиме со било која личност, која ќе добие доверба од американскиот народ“, изјавил Путин.

Share
Scroll to Top