„Кога помислив дека ја загубив сопругата, имав потреба да бидам со децата“, Ацо Пејовиќ низ солзи раскажа за најтешките моменти во неговиот живот

„Кога помислив дека ја загубив сопругата, имав потреба да бидам со децата“, Ацо Пејовиќ низ солзи раскажа за најтешките моменти во неговиот живот

пред 4 години

Пејачот Ацо Пејовиќ за време на гостувањто во емисијата на водителот Милан Калиниќ, „Преживеани“ прозборе за неговиот најтежок период во животот, моментите кога помислил дека ја изгубил сопругата Билјана.

Тој објасни дека таа била во тешка здравствена состојба и дека морала итно да биде оперирана од аневризма, проширување на артеријата во мозокот. Пред операцијата, лекарот ѝ дозволил да ги види децата, затоа што тоа можело да бидат нивните последни заеднички моменти.

„Ми рекоа дека од илјада, само еден пациент преживува ако пукне артеријата во мозокот. Лекарот кој ја водеше операцијата, ги повика моите деца да се видат со неа, затоа што тоа можеше да бидат нивните последни заеднички моменти“, раскажа Пејовиќ.

Тој објасни дека кога помислил дка ја изгубил сопругата, кај него се јавила потреба да биде со неговите деца.

„Некако чувствував дека имам потреба да бидам со нив. Седнав до ниг и ги прегрнав. Им кажав дека ќе можеме некако да се избориме и без мама, но, тука се пресеков“, раскажал пејачот низ солзи. За потсетување, Ацо Пејовиќ со сопругата Билјана има три ќерки.

 

 

Share
Scroll to Top