Девет-степениот менувач е сопствен развој на кинеската компанија
Кинескиот автомобилски гигант Great Wall откри дека започнува со масовно производство на новиот 9-брзински роботизиран менувач 9DCT, кој е нивни сопствен развој. Се комбинира со 2.0-литарски 4N20 бензински турбо мотор, кој пак може да се комбинира со електромотор со 163 КС.
Новиот менувач го заменува претходно користениот 7-степен менувач, познат од кросоверите F7 и F7x на марката Haval, што е дел од концернот Great Wall. Главната предност на новиот менувач е тоа што заштедува до 7% гориво, благодарение на новиот алгоритам. Истовремено, менувачот е 10% полесен.
Димензиите на 9-брзинскиот менувач се 36% помали, а во исто време има можност да пренесува 1,5 пати поголем вртежен момент од 7DCT. Од Great Wall исто така тврдат дека новата менувачка кутија 9DCT е многу посигурна, гарантирајќи најмалку 580.000 смени во секој стенен на пренос.
Се очекува дека еден од првите модели кој ќе го добие новиот менувач да биде следната генерација на кросоверот Haval H6, кој треба да се појави на пазарот кон крајот на оваа година.