Пејачот Драган Којиќ Ќеба преку негов пријател во Хрватска открил за аферата на Северина Којиќ, со познат бизнисмен од Хрватска, пренесуваат српските медиуми.
По разделбата со Игор, таа почнала да се забавува со Томислав Воштиниќ, сопственик на голема винарија. Откако дознал за аферата, Ќеба му открил на Игор за новиот дечко на Северина.
Аферата се случила летото, во Хрватска, кога Северина не сакала да се врати во Белград, затоа што не сакала да живее со Игор во домот на неговите родители.
Откако во јавноста се откри за новото момче на Северина, таа ги избришала Кеба неговата сопруга Олја и нивната ќерка Наташа од „Инстаграм“. Објаснила дека токму тие, се проблемот во бракот со Игор.