Шведскиот принц и принцеза заразени со коронавирус

пред 4 години

Шведскиот принц Карл Филип и неговата сопруга принцезата Софија се позитивни на Ковид-19, соопшти шведското кралско семејство.

Тие се чувствуваат добро, се вели во соопштението и се додава дека во текот на денот ќе бидат тестирани и кралот Карл XIV Густав, кралицата Силвија, постарата сестра на принцот и престолонаследничката Викторија и нејзиниот сопруг принцот Даниел, пренесува „Ројтерс“.

Принцот Карл Филип е четврти по ред за шведскиот трон.

Share
Scroll to Top