Шест месеци по разделбата, Меган Фокс поднесе документи за развод од Брајан Остин Грин

Шест месеци по разделбата, Меган Фокс поднесе документи за развод од Брајан Остин Грин

пред 4 години

Шест месеци по напуштањето на сопругот Брајан Остин Грин, актерката Меган Фокс и официјално поднесе документи за развод. Грин и Фокс се разделија во мај кога Меган му ги остави трите деца на Брајан за да се пресели кај новиот дечко, музичарот Машин Ган Кели. Бргу потоа таа изјави дека музичарот е нејзината сродна душа и дека таква љубов се случува само еднаш во животот.

По разделбата, Меган постојано објавува слики и видеа со новиот дечко, а пред неколку дена се појавија заедно на црвениот тепих на Американските музички награди. Брајан, пак, во јавноста се појави со 2-3 девојки, но секојпат демантира дека е во врска со некоја од нив.

Брајан и Меган се венчаа пред неколку години. Тие имаа проблеми и претходно и во 2015 година се разделија, но тогаш решија да се обидат да го спасат бракот, па Меган набргу потоа остана бремена со третото дете.

Share
Scroll to Top