Ракометари на Вардар позитивни на корона, откажан натпреварот со ПСЖ во Париз

Ракометари на Вардар позитивни на корона, откажан натпреварот со ПСЖ во Париз

пред 4 години

По првичните информации за позитивни тестови на Ковид-19 во редовите на македонскиот шампион, попладнево и официјална информација од ракометниот клуб Вардар за откажување на гостувањето против ПСЖ во Париз во Лигата на шампионите.

„Планираното гостувања во Париз кај ПСЖ од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите нема да се реализираат. За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи. Првично мечот требаше да се игра на крајот на октомври, но тогаш беше откажан. По враќањето од Киелце, Полска каде Вардар  во средата го одигра својот меч од ЕХФ лигата на шампионите, еден наш ракометар се пожали на зголемена телесна температура. Истиот беше тестиран по што беше утврдено дека има позитивен тест. Веднаш беше тестирана целата експедиција што беше во Полска и позитивни тестови имаа уште неколку наши членови. Според протоколите сите ќе бидат во изолација како што е прошишано од здравствените власти. Со оглед на фактот што здравјето на спортистите е најважно за резултатите од тестирањето ги информиравме ЕХФ и клубовите со кои сме играле“, велат во официјалното соопштение од Вардар

Share
Scroll to Top