Во Скопје уапсен кратовец со фалсификувани 1.000 евра

пред 4 години

Полициски службеници од полициската станица Аеродром на 26 ноември уапсиле лице од Кратово поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

При полициски преглед, кај кратовецот М.Ф. биле пронајдени и одземени две банкноти од по 500 евра.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top