„Крвав“ старт на последниот неделен дуел од 10-тото коло во англиската Премиерлига. На „Емирати“ во Лондон се судрија Арсенал и Вулверхемптон, а уште во петтата минута буквално се судрија и тоа со главите, Луис (Арсенал) и Хименез (Вулфси). Мексиканецот го однесе подебелиот крај.
Што се однесува до натпреварот, гостите први поведоа. Нето во 27 минута донесе предност од 1-0.
Само 3 минути подоцна „топчиите“ изедначија со голот на Габриел.
Сепак гостинската екипа беше поконкретна во првото полувреме, па со голот на Поденса во 42 минута на одмор отиде со предност од 2-1.
Во второто полувреме напаѓачите на Арсенал не упатија ниту еден удар во рамки на противничкиот гол иако десетина пати шутираа во обид за израмнување. За разлика второто полувреме, во првиот дел кога во тој сегмент резултатот беше 2-5 за „волците“.
Со победата, Вулверхемптон се искачи на 6-тата позиција со 17 бода, исто колку што има и Саутемптон место погоре.
По новиот неуспех, избраниците на Микел Артета се 14-ти со само 13 бода на 10 меча.