Canon (конечно) официјално потврди дека во текот на август претрпел ransomware напад, но и кражба на податоци од компаниските сервери. Првата вест за тоа изглезе во јавност на 5. август, кога е издадено кратко соопштение дека низ нивниот IT систем се појавуваат проблеми што се однесуваат на работата на различните апликации, мејлови и други системи, но тогаш (па се досега) не е дадено никакво поопширно објаснување.

Откако е завршена истрагата за овој настан, Canon одлучи да се огласи по тоа прашање. Истрагата утврди дека компаниската мрежа била нападната во периодот од 20. јули до 6. август. Напаѓачите во тој временски интервал успеале да им пристапат на фајл серверите на компанијата, на кои биле хостирани информации за бившите вработени од 2005. до 2020. година, со сите податоци за нив (плати, работни места, задолженија, но и банкарски сметски, идентификациски броеви и други лични податоци). Како што е наведено во соопштението, украдени се вкупно 10TB податоци.

Сите бивши вработени, чии податоци се украдени, веднаш биле известени за да преземат мерки да ги заштитат своите банкарски сметки.

Откриено е дека за нападот е одговорона Maze ransomware групата, која е позната по напади на големите организации. Нивни жртви досега биле LG, Xerox, Allied Universal, Soutwire…, а сега на оваа листа се придружи и Canon.