Трамп му посака брзо закрепнување на повредениот Бајден

пред 4 години

Претседателот во заминување Доналд Трамп испрати порака на поддршка до неговиот наследник Џо Бајден, откако слушна дека се повредил.

Бајден бил пренесен во болница откако се лизнал и паднал додека си играл со кучето. Кога го прегледале докторите утврдиле дека Бајден има скршеница на стапалото, поради што некое време ќе носи гипс, а Трамп му посака побрзо да оздрави.

„Брзо закрепнување“, напиша Трамп на твит со видео од Бајден како куца.

Лекарите рекоа дека Бајден ќе мора да носи ортопедска чизма неколку недели.